ВИДЕО | Колку чини костумот на Владимир Путин ? Претседателот на Русија ја крена раката и ненамерно откри кој луксузен бренд го носи на себе
Претседателот на Русија, Владимир Путин, за време на ТВ интервју облече скап италијански костум.
За време на разговорот со новинарот Павло Зарубин по форумот за современи медицински технологии во средата, Владимир Путин облекол костум „Brioni“, кој наводно чини нешто повеќе од 8.000 евра.
Претседателот на Русија во еден момент ја крена десната рака и во тој момент јасно се гледаше етикетата на луксузниот бренд. Daily Mail тврди дека оделото на италијанскиот производител чини 7.000 фунти или нешто повеќе од 8.000 евра и тоа е без индивидуално прилагодување, а моментот кога рускиот модерен „цар“ несакајќи го покажа брендот можете да го погледнете ОВДЕ.
„Brioni“ е италијанска луксузна куќа за машка облека со седиште во Рим и е специјализирана за гардероба, кожни производи, чевли, очила, парфеми… Обезбедува и услуга по мерка.
Компанијата е основана во Рим во 1945 година и е позната по организирањето на првото шоу за машка облека во модерната историја.
Неодамна се појавија првите анкети пред претседателските избори во Русија, според кои мнозинството Руси би гласале за актуелниот претседател на државата – Владимир Путин. Ова го покажаа резултатите од истражувањето спроведено од VTsIOM.