ВИДЕО | КОЛКУ ЌЕ ИЗДРЖИ БРОДОТ НА ВМРО-ДПМНЕ !? Вчера Христијан Мицкоски без слика и тон, а денес машинскиот инженер се фали дека го ‘размонтирал’ булдожерот Габриел Ескобар

Претходниот ден, според опозициските медиуми т.е. веб-порталите со наклонетост кон ВМРО-ДПМНЕ, се случи таа „историска средба“ на заменик-помошник државниот секретар на САД, Габриел Ескобар и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Според пишувањата на опозициските медиуми, машинскиот инженер (Христијан Мицкоски) го „расклопи“ булдужерот од САД односно постигнал голема „победа“. Меѓутоа, дали тоа навистина е така ?

ЗОШТО АМБАСАДАТА НА САД НЕ ОБЈАВИ НИШТО ЗА СРЕДБАТА НА ГАБРИЕЛ ЕСКОБАР И ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ?

Нути на официјалната веб-страна на Амбасадата на Соединетите Американски Држави, нути на профилите на социјалните мрежи не беше објавено нути збор за средбата со Христијан Мицкоски. Само за потсетување, неодамна одредена група составена од тесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ исто така беше на средба во Амбасадата, каде истата таа средба беше споделена насекаде на Интернет.

Габриел Ескобар

Сосема е јасно, дека Американците во овој случај не му овозможуваат на лидерот на опозицијата да спинува со средбата или да покаже дека тој во стилот на Јосип Броз Тито кажал големо не т.е. нема да ги прифати уставните измени.

Христијан Мицкоски претходниот ден беше повикан во Амбасадата на САД во Скопје, а ниту беше фотографиран, ниту беше објавено соопштение за остварената средба, што е јасна порака дека не му се остава маневарски простор за негово толкување на таа „историска средба“. Исто така, интересно е што средбата наместо во фамозната „Бела палата“ се одржа на Кале.

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ПОМИНА ПОЛОШО И ОД НИКОЛА ГРУЕВСКИ

Во периодот помеѓу месец јануари фебруари 2011 година, тогашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ замина на средба во Белата куќа во Вашингтон. Никола Груевски тогаш оствари средба со Хилари Клинтон и тогашниот потпретседател, а сега претседател на САД, Џо Бајден. Бегалецот Никола Груевски тогаш замина во САД со одредени најави дека ќе прифати и ќе го промени името на државата, но бидејќи тоа се покажа како блеф, тој беше исфрлен на улиците пред Белата куќа, каде што даваше изјави за македонските медиуми. За разлика од него, Христијан Мицкоски претходниот ден не даде ниту изјава за средбата со Габриел Ескобар и еден вид избега како „попарен“.

Така, сосема е јасно дека машинскиот инженер не успеал да го „расклопи“ булдужерот на Амбасадата на САД. Христијан Мицкоски претходниот ден не даде никаква изјава за македонските медиуми, а целосен молк имаше и од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес, ден потоа, Христијан Мицкоски од Гевгелија, средбата со Габриел Ескобар ја оцени како конструктивна и пријателска помеѓу стратешки партнери.

Оваа Влада и покрај тоа што има кредибилитет нула, ги злоупотребува претставниците на меѓународната заедница, чиј што дел се и САД, со лажни информации, и дел од тие лажни информации моравме да ги дебрифираме за време на состанокот на средбата со господинот Габриел Ескобар и амбасадорот Анџела Агелер и ценам дека лично на господинот Габриел Ескобар позициите на ВМРО-ДПМНЕ му се појасни. Ние сме исто така како и тие загрижени за актуелната состојба на Македонија иако нашата загриженост е поголема затоа што сепак ние живееме во оваа држава.

Христијан Мицкоски

Ова го изјави денес Христијан Мицкоски, кој уште еднаш побара предвремени парламентарни избори за изнаоѓање на решение.

РЕПРИЗА НА 15. ЈУЛИ 2022 ГОДИНА

Очигледно Христијан Мицкоски ја репризираше ситуацијата од 15. јули 2022 година, кога после одредени слични дебакли, му беа потребни 24 часа да се соземе, за да може да смисли одреден спин односно одредена политика која ќе им ја презентира на македонската јавност и на своето тврдо партиско членство. Токму тоа се случи и овој пат, денес, по поминат цел ден Христијан Мицкоски излезе во јавноста, додека вчера беше без слика и тон, денес се пофали дека имал конструктивна и пријателска со стратешките партнери, а претходниот ден, како „помочан“, без објава и соопштение си замина од средбата во Амбасадата на САД во Скопје.

Мини-анализата од страна на Васко Ефтов за вчерашната средба на Христијан Мицкоски и Габриел Ескобар можете да ја погледнете ТУКА.