ВИДЕО | Кортни Кардашијан го откри полот на своето бебе: Вака познатата старлета и нејзиниот сопруг ја објавија среќната вест  – погледнете

Кортни Кардашијан (44 г.) и нејзиниот сопруг Тревис Баркер (47 г.) го открија полот на нивното прво заедничко дете.

Кортни Кардашијан објави видео на социјалната мрежа Инстаграм како седи во скутот на Тревис Баркер додека тој свири на тапани и ја објавува големата вест. Конечно, еден куп сини конфети се издигнаа во воздухот, што значи дека парот чека момче.

За потсетување, Кортни Кардашијан веќе има три деца со поранешниот партнер Скот Дисик, а Тревис Баркер има две деца со поранешната сопруга Шенон Моклер.

Кортни Кардашијан и Тревис Баркер се венчаа три пати минатата година. Првиот пат беше во Лас Вегас, потоа направија граѓанска венчавка во САД, а потоа организираа раскошна венчавка во ПортофиноТревис Баркер ја запроси Кортни Кардашијан во октомври 2021 година на плажа во Монтесито, Калифорнија.