ВИДЕО | КОЈ Е СЕРГЕЈ ШОЈГУ !? Човек од голема доверба на Владимир Путин, кој и покрај бунтот на Вагнер се уште цврсто седи на својата фотелја – дали токму тој ќе биде новиот претседател на Русија !?

BBC денес објави напис за Сергеј Шојгу, министерот за одбрана на Русија, чија снимка од инспекција на војниците на фронтот во Украина се појави набргу по крајот на краткотрајниот бунт на приватната воена група Вагнер на Евгениј Пригожин, кои се упатија кон соборување на военото раководсво во Москва.

Британскиот медиумски сервис го опиша Сергеј Шојгу како доверлив човек на рускиот претседател Владимир Путин, со кого првиот човек на Кремљ често оди на риболов. Ова се однесува на авантурата на Владимир Путин и Сергеј Шојгу на река во јужниот дел на Сибир во август 2017 година, која беше проследена од камерите на руските медиуми.

Владимир Путин и Сергеј Шојгу ловат риба во Сибир во август 2017 година.
Владимир Путин и Сергеј Шојгу

BBC јавува дека Сергеј Шојгу со месеци е цел на вербалните напади на Евгениј Пригожин, бидејќи првиот човек на руските платеници кои се борат против украинската Армија го обвини рускиот министер за одбрана дека е одговорен за смртта на илјадници негови луѓе во битките на фронтот.

Се вели дека и покрај проблемите што ги има руската воена кампања со неочекувано силниот украински отпор и слаб морал меѓу руските војници, Сергеј Шојгу продолжува да игра витална улога во оваа војна, иако Евгениј Пригожин го обвини дека го лаже Владимир Путин за вистинската состојба на украинскиот фронт.

BBC наведува дека Сергеј Шојгу некогаш се сметал за потенцијален наследник на Владимир Путин и додава дека рускиот министер за одбрана е заслужен за военото заземање на Крим во 2014 година.

Сергеј Шојгу ја предводеше и руската воена разузнавачка служба ГРУ, за која BBC вели дека е обвинета за две труења со нервен агенс, од кои првото беше смртоносниот напад во 2018 година во Солсбери, Велика Британија, а вториот беше речиси фатален напад врз руската опозиција односно нивниот лидер Алексеј Навални во Сибир во 2020 година.

Британскиот медиумски сервис наведува дека кратката снимка од турнејата на Сергеј Шојгу со војниците на фронтот во Украина, објавена по воениот бунт на Евгениј Пригожин, покажува дека рускиот министер за одбрана се уште е цврсто на таа позиција.

BBC наведува дека не се знае точно кога е направена снимката, но дека е можно да се прочита пораката што произлегува од неа, а тоа е дека Владимир Путин барем засега застанал во одбрана на својот министер и нема да го отпушти и покрај фактот што Евгениј Пригожин штотуку побара заминување на Сергеј Шојгу од функцијата кога тој го започна нападот на Вагнер врз Москва во саботата.