ВИДЕО | КРВАВА СВАДБА ВО ИТАЛИЈА – На свадбена веселба се урнал таванот на манастирот, а снимката од несреќата е страшна
На свадба во Италија се урнал таван на манастир, а повредени се најмалку 35 лица, од кои шест се во тешка состојба, јавуваат италијанските медиуми. Меѓу хоспитализираните се младоженецот и невестата.
Несреќата се случила во Понтелунг, на периферијата на градот, во некогашниот манастир „Џакерино“, кој се користел како место за забава. Се урнал таванот на првиот кат.
Иако некои луѓе веќе ја напуштиле забавата, шеесетина, главно млади луѓе, останале во салата и играле и се забавувале, а таванот наеднаш паднал врз нив.
На местото на несреќата веднаш пристигнале десетици амбулантни возила, пожарникари и полиција, а пристигнал и градоначалникот Алесандро Томази кој рекол дека болниците биле известени да се подготват да примат поголем број пациенти.
Лидерот на Тоскана, Еугенио Џани на социјалната мрежа Фејсбук објави дека повеќе од 100 спасувачи се на местото на несреќата и дека сите повредени се пренесени во болници. Тој вели дека ова можело да биде страшна трагедија и им се заблагодари на сите што учествувале во спасувачката операција.