ВИДЕО | КРВАВ РОДЕНДЕН – Пријателите на славеничката и ја турнале главата во тортата, а таа со остар нож тешко ранила човек директно во окото
На социјалните мрежи кружи видео од страшна несреќа на роденденска забава.
Во првите кадри од видеото се гледа славеничката опкружена со пријатели кои смислиле позната шега – да и ја „плеснат“ тортата в лице. Она што следело било навистина страшно и крваво.
Насмеана девојка држи нож во раката, несвесна за ризикот. Штом нејзината глава завршила во тортата, направила неочекувано движење и сечилото се заглавило во окото на еден од нејзините пријатели во близина.
Славеничката продолжила да се смее, бидејќи не сфатила што се случило, додека повредениот млад човек се повлекол и се држел за окото.
Присутните веднаш притрчале да му помогнат, но нема информации во каква состојба завршил, јавува Lakalle Blue Radio, а тој момент од роденденот можете да го погледнете ОВДЕ.
Ова несреќно искуство служи како потсетник дека шегите, иако навидум безопасни, можат да излезат од контрола и да резултираат со опасни повреди.