ВИДЕО | Кремљ ветуваше едно а прави сосема друго – Русија започна кампања за регрутирање нови војници: “Дали ти си маж ? Биди маж!“

Руската Армија започна видео кампања со цел да привлече повеќе професионални војници да се борат во Украина. Кампањата ги предизвикува заинтересираните да покажат дека се „вистински мажи“ и да го заменат обичниот цивилен живот со живот на бојното поле, пренесува The Guardian.

Рекламата, придружена со рок музика, доаѓа по извештаите на британското воено разузнавање и руските медиуми кои сугерираат дека Москва сака да регрутира до 400.000 професионални војници, на „доброволна“ основа, за да ги зајакне своите сили во Украина.

Огласот досега е објавен на главните руски социјални мрежи, а истиот ги повикува мажите да потпишат договор со Министерството за одбрана на Русија за плата од 204.000 рубли (2.495 долари) месечно, додека рекламата започнува со човек во воена униформа кој држи митралез.

Потоа истиот човек е прикажан во униформа на обезбедување на супермаркет со натпис:

Дали е ова дефанзивецот за кој сонувавте да станете ?“, стои во рекламата.

Потоа, се гледа како еден човек шета низ магла со други војници, а сè изгледа како тие да се наоѓаат на бојно поле. Потоа е прикажан тренер во теретана кој му помага на клиентот да крене тегови а со тоа воедно го спрема за војна.

Дали навистина ти е силата тука ?“, прашува тој во видеото, а потоа се гледаат кадри од таксисти како повторно се претвораат во кадри од војници на бојното поле.

Дали ти си маж ? Биди маж!“, е главната порака на рекламата.

Да потсетиме, по започнувањето на делумна мобилизација во септември, која принуди десетици илјади Руси да ја напуштат татковината, властите велат дека нема да има нов повик за мобилизација, туку дека се обидуваат да регрутираат само доброволци.

Во текот на последните неколку недели во главниот град на Русија се појавија плакати со барање професионални војници, а на нив пишува – „нашата професија е да ја браниме татковината“. На потенцијалните регрути им се ветува – „почит, чесна професија и пристојна плата“.