ВИДЕО | КРЕМЉ ВЕЌЕ НАЈДЕ ЗАМЕНА ЗА ‘ГОТВАЧОТ’! Русите распоредија 180.000 нови војници: “Наместо Вагнер, тие испраќаат моќна група криминалци!“

Русија распореди повеќе од 180.000 војници на двата главни источни фронта“, тврди Серхи Черевати, портпарол на источната група на украинските вооружени сили, објави CNN.

Повеќе од 180.000 руски војници се распоредени во областа на одговорност на источната група на сили… Фронтот Лиман-Купјанск е подолг, поради што непријателот ги концентрира силите таму“, вели Серхи Черевати во интервју за украинските медиуми во понеделникот и додава дека во моментот се наоѓаат „повеќе од 120.000 непријателски војници“ на рутата Лиман-Купјанск, лоцирана на околу 100 километри северно од Бахмут на источниот фронт во Украина.

Серхи Черевати ги нарече овие војници како „прилично моќна група“ која вклучува „воздушни и механизирани единици, борбени резервни единици и новите компании за напад, кои, како што вели, регрутираат луѓе со криминални досиеја.

Да потсетиме, пред една недела борците на компанијата Storm Z го обвинија лидерот на групата ВагнерЕвгениј Пригожин дека „побегнал“ откако постигнал договор со Владимир Путин.

На видеото војниците стојат држејќи оружје, а еден од нив го нарекува Евгениј Пригожин – „стаорец“.

Storm Z беше подготвена да тргне во акција за тебе. А ти, се испостави, не си маж. Стаорец. Нема друго име за тебе“, вели еден од борците на снимката, според видеото што го сподели Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина.

Серхи Черевати вели дека на бојното поле во Бахмут има околу 50.000 руски војници.

Во меѓувреме, Хана Малиар, заменик-министерката за одбрана на Украина, пријави чести судири кај Бахмут.

Ситуацијата се менува многу брзо“, напиша таа во објава на социјалната мрежа Телеграм и додаде: „Контролата врз истите позиции може да се изгуби и да се врати два пати на ден“.

Генералот Олександр Сирски, командант на копнените сили на Украина, ги повтори нејзините коментари во интервју за тамошните медиуми.

Непријателот се обидува да ги префрли единиците на најопасните правци за контранапади, обидувајќи се да ја дестабилизира ситуацијата, да предизвика загуби на Украина и да ја наруши логистиката на одбранбените сили“, тврди Олександр Сирски, додавајќи дека – „заканата од непријателски офанзивни дејства од Бахмут во правец на Часив Јар“.

Олександр Сирски истакна дека Русите очајно се држат за позициите и упориштата што некогаш ги окупираа војниците на групата Вагнер.

Украинските сили успеаја да ги спречат руските трупи да се движат во Бахмут“, заклучува тој.