ВИДЕО | КРИСТИЈАНО РОНАЛДО ПАДНА НА ПРОВОКАЦИИТЕ ВО САУДИСКА АРАБИЈА – Португалецот ги загуби нервите и бурно реагираше, а се вмеша во се и неговата избраничка

Славниот Португалец Кристијано Роналдо падна на провокациите на навивачите на Ал Етифак.

Фудбалерите на Ал Наср се пласираа во четврт-финалето на Купот на Кралот откако по продолженијата го совладаа Ал Етифак со резултат од 1:0.

Јунак на натпреварот беше Садио Мане, кој постигна гол во 107. минута за победа на својот клуб и пласман во следната рунда.

Иако на овој натпревар не беше на најдобро ниво, во центарот на вниманието повторно беше Кристијано Роналдо.

Имено, на крајот од регуларниот дел од натпреварот, навивачите на Ал Етифак почнаа да го провоцираат Кристијано Роналдо скандирајќи „Меси, Меси …“, а славниот фудбалер падна на провокациите.

Тој едноставно не можеше да се воздржи. Нанесе кисела насмевка на лицето, го стави прстот на устата и гестикулираше да молчат. По неговата реакција, на стадионот уште погласно одекна името на добитникот на Златната топка.

Сепак, Кристијано Роналдо конечно со помош на Садио Мане успеа да ги замолчи навивачите. Имено, кога Садио Мане го постигна голот за триумф на својот клуб, тие се собраа на трибината на која беа противничките навивачи и им покажаа дека повеќе не можат да ги слушаат.

На стадионот беше и Џорџина Родригез, избраничката на Кристијано Роналдо и не и беше удобно додека навивачите скандираа „Меси, Меси“, па и самата реагираше.

Роналдо
Кристијано Роналдо

Таа на својот профил на Инстаграм објави фотографија од Кристијано Роналдо од натпреварот со срце.