ВИДЕО | КУЌАТА НА ВНУКОТ НА ВЛАДИМИР ПУТИН ИЗГОРЕ ДО ТЕМЕЛ – Семејството на претседателот на Русија е мета на напаѓачи: Претходно му го запалија и хотелот !?
Под мистериозни околности до темел изгоре куќата на близок роднина на рускиот претседател Владимир Путин во Рјазан.
Куќата ја користел внукот на рускиот претседател Роман Путин (45 г.). Најстариот син на Роман Путин бил во куќата која ненадејно се запалила, но тој успеал да излезе неповреден. Полицијата се уште ги истражува причините за пожарот, додека некои медиуми наведуваат дека станува збор за саботажа. Роман Путин бил надвор од градот во моментот на пожарот.
Тоа е втор имот поврзан со Роман Путин кој е опожарен во изминатите неколку месеци.
Претходно, непознати сторители го запалија хотелот во далечниот Нови Уренгој каде Роман Путин имаше канцеларии. Штетата е проценета на десет милиони евра. Инцидентот се случи откако Роман Путин беше поврзан со планот да биде домаќин на два брана бегалци од регионот Донбас во источна Украина. Роман Путин понуди лично да го финансира третиот бран од 500 бегалци за поддршка на инвазијата на Владимир Путин. Некои медиуми јавуваат дека полицијата нема напредок во изведувањето на сторителите пред лицето на правдата.
Роман Путин инаку е под западни санкции поради неговата поврзаност со рускиот претседател. Наводно, кариерата ја започнал во тајната служба, по што со години работел во Федералната служба за безбедност. Тој на крајот се пресели во локалната власт пред да основа компанија наречена за да тргува со познатото семејно име.
Контроверзниот бизнисмен ја основа и партијата Народот против корупцијата, но не успеа да добие место во парламентот.