ВИДЕО | ЛЕД сферата се претвори во око и ги исплаши луѓето во Лас Вегас

Сферата, или новата купола, неодамна стана најновата атракција во Лас Вегас, но сега исплаши некои луѓе.

Тоа е најголемата LED сфера во светот, која се состои од околу 1,2 милиони LED пакувања. Секој пакет се состои од 48 индивидуални LED диоди, а секоја диода може да прикаже 256 милиони различни бои.

Сферата во Лас Вегас покажува различни слики, но кога се „преобразила“ во огромно око што „трепка“, некои луѓе се исплашиле.

Додека на некои им е интересно, други велат дека сепак е морничаво.