ВИДЕО | ЛИОНЕЛ МЕСИ ГИ ПОМЕСТУВА ГРАНИЦИТЕ – Вакво нешто досега не му успеало во кариерата, а наскоро може да собори голем светски рекорд

Лионел Меси продолжува да импресионира во редовите на неговиот нов клуб, Интер Мајами. Аргентинецот го предводеше клубот до нова победа, овојпат против Филаделфија, со резултат 4:1 на „Субару Парк“ во Честер, а Лионел Меси го постигна вториот гол за својот клуб во 20. минута за водство од 2:0.

Детали за натпреварот и видео од голот на Лионел Меси може да погледнете ТУКА.

Тоа беше еден од класичните голови на волшебниот Аргентинец, на почетокот изгледа како нешто што многупати сме го виделе од овој мајстор. Подоцна се покажа дека тоа е најдалечниот гол што Лионел Меси го постигнал во кариерата. Аргентинецот шутираше од 32 метри и ја смести топката во долниот лев агол на голманот Андре Блејк.

Лионел Меси покажа голема посветеност кога е во прашање играта. Работи напорно. Сето тоа е заразно за сите негови соиграчи“, изјавил по натпреварот тренерот, Тата Марино.

Со овој гол Лионел Меси има учинок од девет погодоци во шест натпревари со американскиот клуб. Од доаѓањето на Лионел Меси во Флорида, Интер Мајами има постигнато 21 гол на шест натпревари, додека пред неговиот потпис, клубот постигна само 22 гола на 22 натпревари.

Потребен е целосен тимски напор за да се добие шанса против тим како Интер Мајами. Во првите 20-30 минути направивме премногу грешки, не казнија. Не бевме на ниво тоа прво полувреме, но тие се многу добри. Тешко е да загубиш и да примиш четири гола, тој дел боли. Не се чувствувате добро да го напуштите тој терен откако примивте четири гола“, изјавил тренерот на Филаделфија, Јунион Џим Кертин.

На патот до титулата, Лионел Меси и Интер Мајами сега го имаат само Нешвил, кој во полуфиналето го победи мексикански Монтереј со 2:0. Ова може да биде посебен натпревар за Аргентинецот, бидејќи доколку неговиот клуб биде успешен, Лионел Меси ќе стане најодликуваниот играч во историјата на фудбалот, заедно со Дани Алвеш ќе изедначат 44 титули.

Доколку не победи во сабота, наскоро би се појавила нова можност за Лионел Меси. Во четврток, на 24. август, Интер Мајами треба да игра во полуфиналето на УС Опен купот каде како гостин ќе ги одмери силите со Синсинати.