ВИДЕО | ЛИОНЕЛ МЕСИ И ДРУШТВОТО ВО ЦЕЛОСЕН ШОК – Славниот Аргентинец во масовна тепачка физички го нападна противникот

Фудбалерите на Аргентина го претрпеа првиот пораз во квалификациите за Светското првенство во 2026 година, на својот „Ла Бонбонера“, среде Буенос Аирес, пред 57.200 гледачи.

Тоа беше прв пораз за Аргентинците од групната фаза на СП во Катар, а му беше нанесен на светскиот првак од Уругвај, кој победи со 2:0 со головите на Араухо во 41. минута и Дарвин Нуњез во 87. минута.

слика

Не треба да се потенцира како овој исход падна на играчите на Аргентина. Натпреварот го одбележаа фаули и конфликти, а најжестоката искра дојде во 20. минута кога Матијас Оливера се пресмета со Родриго Де Пауло. Се започна со навреди и туркање, а потоа во конфликтот влезе и Лионел Меси, кој притрча до Матијас Оливера, го оттурна прво со десниот лакт, а потоа со левата рака го фати за врат, а тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.

Следуваше општа гужва во која најмногу работа имаше судијата. До крајот на натпреварот подели дури осум жолти картони, а чудно е што не беше исклучен никој.

По поразот Аргентина и натаму е прва со 12 бода, додека Бразил падна на петтото место и има седум бодови. Уругвај остана на второто место, но на само два бода им се доближи на соседите, кои ги победија за првпат по 2013 година. По пет одиграни натпревари, Колумбија се пласираше на третото место и има девет бодови.