ЕНТОНИ БЛИНКЕН КОНТРА БЕНЈАМИН НЕТАНЈАХУ – САД не ја поддржуваат израелската окупација на Појасот Газа

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, вели дека Хамас ги загрозува сите со тоа што влегува во училишта и болници со цивили.

На прашањето дали е убеден дека навистина има командни центри во тунелите под болницата „Ал-Шифа“, Ентони Блинкен цврсто убедено одговори – „Да“.

Она што го знаеме врз основа на информациите што ги имаме е дека тоа било практика на Хамас, да користи цивилна инфраструктура за своите борци“, вели Ентони Блинкен.

Запрашан дали САД го поддржуваат Израел да остане во Појасот Газа по завршувањето на војната, тој одговори: „Не“.

Не може да има повторна окупација на Појасот Газа од страна на Израел. Исто како што Појасот Газа не може да продолжи да се користи како платформа за изведување терористички напади. Треба да одиме кон тоа Палестинците да имаат политички права и можност да се управуваат во сопствената држава“, заклучи Ентони Блинкен.