Нов шок за Шакира: Пике и Клара ,,фатени” во аптека

Со месеци и недели сите светски медиуми пишуваат за разводот на пејачката Шакира и фудбалерот Жерар Пике и сето тоа поради прељубата што ја направил Пике.

Бракот од 12 години пропадна кога пејачката дозна дека нејзиниот партнер не може да одолее на Клара Чиа Марти која во тоа време работеше во неговата компанија „Космос“.

Откако сè исплива на површина, Шакира му посвети и одмаздничка песна на бившиот, која за кратко време заврши на врвот на сите тренд листи.

Сепак, се чини дека шоковите не завршуваат тука.

Сега новинарите на „Music Mundial“ дознаа нова вест која дополнително може да ја потресе колумбиската пејачка – Клара Чиа Марти е бремена, таа и Пике го чекаат своето прво дете.

– Контроверзната врска меѓу Жерар Пике и Клара Чиа Марти продолжува да предизвикува бројни коментари.

Угледен аргентински новинар сега тврди дека парот го чека своето прво дете. Веста која ја откри познатиот новинар Густаво Церијани ги шокираше сите обожаватели на Шакира.

Жерар Пике и Клара Чиа се снимени како купуваат тест за бременост во аптека. Сè било тајно, а Церијани тврди дека фармацевтот му потврдил дека им го продал тестот за бременост – пишува „Мusic Mundial“.

Никој од актерите на оваа приказна сè уште не се огласил, па ни Шакира.