Тен Хег: Рашфорд е еден од најдобрите играчи во Европа

– Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, го пофали вечерашниот настапот на тимот на натпреварот од 23. коло на Премиер лигата против Лидс (2:0). Тој посебно се осврна на играта на Маркус Рашфорд.

– Рашфорд е еден од најдобрите фудбалери во Европа. Ова е апсолутно точно. Во ова бев убеден од самиот почеток. Многу сум среќен што работам со него и можам да добијам повеќе од него. Тој има многу потенцијал, изјави Тен Хаг.

Предводникот на „црвените ѓаволи“ смета дека само со максимален ангажман на сите играчи можат да се направат добри резултати со оглед на големиот број натпревари.

-Повторно покажавме дека сме тим. Ние сме единствениот тим во Европа кој игра на четири турнири. Треба да го искористиме целиот состав, сите да имаат свој придонес, нагласи Тен Хаг.

Манчестер јунајтед од 23 натпревари во Премиер лигата има 46 бодови и се наоѓа на 3.место. Пред него се Манчестер сити со 48 бода од 22 средби и Арсенал со 51 бод од 21 натпревар.