ВИДЕО | ЛУДИЛОТО ОД РИМ ЗА КОЕ ДЕНЕС ЗБОРУВА ЦЕЛИОТ СВЕТ – Голманот на Лацио постигна гол ‘со звукот на сирената’ и на неверојатен начин ја заврши драмата на “Олимпико“
Атлетико Мадрид беше на чекор до враќање од Рим со полн со плен.
Голот на Пабло Бариос во 29. минута му донесе предност од 1:0 против Лацио се до последниот напад на натпреварот. И тогаш херојот се покажа дека е голманот на домашниот клуб, Иван Проведел. Тој налета во противничкиот шеснаесетник при изведување на корнер во петтата минута од судиското надополнување. Откако топката најпрво го погоди Стефан Савиќ, а таа се одби до Луис Алберто, кој нафрлуваше во шеснаесетникот, Иван Проведел остана сам да погоди за 1:1.
Голот на голманот на Лацио погледнете го ТУКА.
Пред Иван Проведел, последниот голман кој постигнал гол во Лигата на шампионите бил Винсент Енјеама на 29. септември 2010 година.
Во следното коло Лацио гостува кај Селтик, додека Атлетико Мадрид на свој терен го пречекува Феенорд.