ВИДЕО | Луѓето никогаш не ги мијат овие пет делови од телото! Доктор предупредува на голема опасност: “Страшно, многу луѓе не ги допираат овие места со сапун, а мораат!“
Сигурно е дека не треба да нагласуваме колку е важна личната хигиена и дека туширањето е неопходно за да останеме здрави и чисти. Сепак, се чини дека многу луѓе не го прават тоа доволно темелно, барем ако може да и се верува на тврдењата д-р. Џен Кодл од САД.
Обрнете внимание на што предупредува оваа докторка!
д-р. Џен Кодл објави видео на својот профил на социјалната мрежа Тик Ток во кое набројува пет делови од телото кои луѓето редовно ги занемаруваат додека се тушираат или се капат, а видеото стана многу популарно, со преку 1,6 милиони прегледи.
Оваа докторка нагласува дека не е доволно косата да се измие со шампон и да се остави водата со сапуница да го измие целото тело додека се туширате, туку потребно е секој дел од телото посебно да се трие добро.
Таа тврди дека повеќето луѓе не го мијат доволно добро папокот, пределот зад ушите, кожата под ноктите, нозете и прстите и дека тоа доведува до таложење на штетни бактерии и бројни нечистотии на нашето тело.
„Многу луѓе воопшто не го мијат папокот. Луѓе, тоа е ужасно“, напоменува таа меѓу другото во видеото.
Докторката потоа снимила уште едно видео, во кое се надоврзува на погрешниот третман на некои делови од телото за време на туширањето, посочувајќи дека е неопходно да се користи пешкир или сунѓер за капење при миење на пазувите, задникот, но и сите оние делови кои се покриени со вишок кожа.