ВИДЕО | МАКЕДОНЕЦ СРЕДЕ МЕЛБУРН СВИРИ ПОЗНАТА БАЛКАНСКА ПЕСНА – Кога ќе видите кој го придружува на виолина, ќе се воодушевите
Христијан Спировски, по потекло од Македонија, е млад пијанист кој е роден и со години живее во Мелбурн, Австралија, каде често ги забавува луѓето со своите виртуозни изведби.
Тоа го поткрепува и видеото кое се појави на социјалните мрежи, каде тој на пијано ја свири познатата песна „Ужичко Коло“ во придружба на девојка по име Шион, виолинистка од Јапонија, а ова го објави српскиот веб-портал Telegraf.rs, а видео-снимката можете да ја погледнете ОВДЕ.
„Оваа година почнав да свирам пијано во центарот на Мелбурн речиси секој ден и имам можност да видам луѓе од целиот свет кои доаѓаат да ме слушаат“, истакнал Христијан Спировски.
Шион и Христијан Спировски се сретнале случајно на железничка станица во центарот на Мелбурн. Откако таа била воодушевена од свирењето на Христијан Спировски, решила да му се придружи и да го следи на виолина.
„Случајно ја запознав девојката и немавме никакви проби, но ова дојде толку ненадејно, спонтано. И кажав дека свириме српска музика и таа се согласи. Таа дошла од Јапонија на одмор во Мелбурн“, додал Македонецот.
Основно и средно музичко училиште Христијан Спировски завршил во Битола, а Универзитет во Мелбурн. Потекнува од музичко семејство, а во 80-тите години на минатиот век татко му свирел на гитара заедно со хармоникашот Урош Антиќ од Ниш.
Таткото на Христијан Спировски и Урош Антиќ ја основале првата југословенска група во Мелбурн.