„ДЕДО МРАЗ ПАДНА ОД 24 КАТ“ – Маж во костим сакал да ги изненади децата, но… (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Човек облечен како Дедо Мраз се качува преку балконот на висококатница, држејќи се за јаже, но во одреден момент се спушта и паѓа

Во рускиот град Челјабинск маж облечен како Дедо Мраз паднал од балконот на 24 кат на станбена зграда и починал, а истрагата е во тек, соопшти регионалното обвинителство.


На каналот Телеграм кој ги следи настаните во Чељабинск, видео од човек облечен како Дедо Мраз се качува преку балкон на катна зграда, се држи за јаже, но во одреден момент се спушта и паѓа, додека во истото време возрасните и децата стојат во дворот на зградата и гледаат што се случува.

Според локалните медиуми, мажот требало да се спушти во дворот на детска забава.

Според информациите кои руската агенција ги добила од обвинителството, повредениот е роден 1974 година, а се утврдуваат сите околности на овој инцидент.