(ВИДЕО) Меси помина на црвено светло на семафор, за малку ќе дојдеше до судар

ЛИОНЕЛ МЕСИ е снимен зад воланот на неговиот луксузен теренец во моментот кога поминува на црвено светло на семафор. При вршење на сообраќаен прекршок бил спроведен од полиција со запалени ротациони светла, но за малку ќе налетал на судар со друго возило.

Се се случуваше во Форт Лодердејл, на 45-ина километри од Мајами, за чиј МЛС тим Меси ќе настапува следната сезона. На снимките од социјалните мрежи се гледа како Меси се приближува до семафорот кога навивач му пришол на автомобилот за да го сними. Меси, следен од полициска придружба, продолжил да вози, а потоа поминал на црвено светло и влегол на раскрсницата.

Во таа прилика можеше да дојде до судир, според социјалните мрежи, бидејќи по патот на кој се приклучуваше Меси доаѓаше друг автомобил. Несреќата била избегната.