(ВИДЕО) Митровиќ полуде по пеналот на Јунајтед и го нападна судијата!

Манчестер Јунајтед ја оправда улогата на фаворит во последниот четвртфинален натпревар од ФА Купот и со победата од 3-1 над Фулам патува меѓу четирите најдобри во најстарото клупско натпреварување на Островот.

Бруно Фернандез со два гола и Сабоцер со еврогол со пета се хероите на „ѓаволите“, но домаќините на оваа средба добија огромна помош и од Александар Митровиќ. Српскиот ас, откако во 55. минута го шокираше Јунајтед и погоди за водство на Фулам, во 72. минута направи огромна глупост и предвреме го заврши натпреварот.

Имено, откако Јунајтед доби најстрога казна, Митра видно налутен го нападна главниот судија и очекувано заработи црвен картон.