ВИДЕО | “МНОГУ Е УБАВО!“ – Сопруга на познат милионер открива колку пари троши дневно: “Денес скромно, за утринското кафе платив само 110 евра…“

Сопругата на милионерот Линда Андраде, која по потекло е од САД, но сега живее во Дубаи каде што ужива во својот гламурозен животен стил, сподели со јавноста како изгледа нејзиното луксузно секојдневие и откри што најмногу сака во бракот со богат човек.

Линда Андраде редовно патува со пријателите и ужива во разни активности, а 23-годишната девојка се пофали и дека потрошила 16.540 долари за еден ден, вклучувајќи 7.000 долари за чанти, 80 долари за кафе, 400 долари за масажи и 500 долари за личен возач.

Сепак, нејзините пари не доаѓаат само од нејзиниот богат сопруг Рики Андраде, трговец со криптовалути. На 19-годишна возраст, таа самата се збогатила благодарение на успехот на нејзиниот бренд Flip Your Look. Таа го лансираше во Лас Вегас и Калифорнија, а потоа се прошири на други локации низ САД.

@lionlindaa

The richer the crazier, but i love it 💸😍 #rich #millionaire #dubai #uae #arab

♬ Baba fen – Haifa Wehbe

Линда Андраде се преселила во САД кога имала две години, а се омажила за Рики Андраде на 19. Таа често споделува видеа од своето секојдневие на социјалните мрежи, па споделила едно во кое ја отпакува својата златна „антидепресивна“ „Channel“ чанта која чини 7000 долари. Таа потоа во видеото во хулахопки заминува на лимфна дренажа, пред да се почести со кафе од 24 каратно злато од 120 долари и маникир од 500 долари.

слика
Линда Андраде и Рики Андраде

Кога ќе одлучи да оди на шопинг, поточно нејзиниот омилен трговски центар во Дубаи, Линда Андраде не шета само наоколу – таа плаќа 200 долари на својот личен возач за да ја однесе од локација до локација.

Не сакам да шетам, трговскиот центар е толку голем“, вели таа во видеото.

Во видеото таа се пофали и дека се почастила со уште една златна „Channel“ чанта, а потоа уживала во суши со кавијар кој ја чинел „само“ 120 долари.

Конечно го добив мојот парфем – чинеше 420 долари. Никој друг нема да мириса на мене бидејќи е создаден само за мене“, се пофалила таа во едно видео.

Тоа е речиси сè што направив денес – ништо лудо. Потрошив само 16.540 долари“, заклучува таа во видеото во кое го опишува своето секојдневие.

Сериозно ? 16.000 долари за еден ден? Тоа е осуммесечна плата“, коментира еден нејзин следбеник под видеото.

Тоа е добро за тебе, но дали си среќна ?“, прашува друг, додека трет коментира: „Ти благодарам што го сподели ова со нас, бев под стрес само што се прашував колку трошиш“.

слика
Линда Андраде и Рики Андраде

Во второто видео, Линда Андраде решила да ги сподели „најдобрите работи во врската со милионер“, покрај парите, секако.

Таа тврди дека „богатите мажи се позабавни“, бидејќи „не се толку под стрес“, „секој ден е нова можност“ и има многу слободно време за себе. Ако парот се расправа, тој секогаш „се оправдува со својата кредитна картичка“ и и купува подароци.