(ВИДЕО) Момче со аутизам (4) за прв пат кажа „мама“, видеото ги расплака луѓето

Кога станува збор за пречки во развојот, како што е аутизмот, секој мал момент на напредок е екстра посебен. Така, една мајка отиде на Reddit за да сподели еден од најубавите моменти во нејзиниот живот. Имено, како што вели таа, на видеото може да се види како нејзиниот четиригодишен син, кој има аутизам, првпат во животот ја нарекол „мама“.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Трогателен момент, но уште потрогателна реакција на мајка на аутистично момче ги трогна луѓето на социјалните мрежи, па не е изненадување што видеото за кратко време стана вирален хит.

„Ова е најубавото нешто што сум го видел на Интернет во последно време. Вистинска љубов“, „Само луѓето кои имаат деца со аутизам можат да разберат зошто овој момент е толку посебен“, „Ова буквално ме расплака, убава“, се само дел од коментарите на луѓето кои го виделе видеото.