Тиктокерка Стефи Џејд објави видео на својот профил на кое се гледа како се снашла кога дознала дека ќе мора да преноќи пред аеродромот во Хонолулу на Хаваите, кој таа вечер бил затворен.
„Нема хотел, нема проблем. Само влезете во торбата за сурфање и сонувајте за брановите“, напиша таа покрај видеото кое насмеа многумина.
„Замисли да не те забележи крадецот и да те украде во вреќата“, ѝ напишал еден следбеник, а тиктокерката одговорила: „Не знам кој би бил повеќе разочаран во таа ситуација“.