ВИДЕО | МОСТОТ НА КРИМ ПОКРИЕН ВО ГУСТ ЧАД – Сообраќајот запрен, се огласија сирените, а Русите дадоа чудно објаснување
Руските власти го прекинаа сообраќајот на мостот „Керч“ што го поврзува Крим со континентална Русија и издадоа предупредувања за воздушен напад во Севастопол во средата наутро.
Како што пишува про-Кремљ руската медиумска агенција РИА Новости, службениците на мостот, како и околните жители, се повикани да ги следат упатствата на службениците за безбедност во сообраќајот.
Михаил Развозаев, рускиот гувернер на Севастопол, изјави дека е издадено предупредување за воздушен напад и дека чадот што се шири во близина на заливот Севастопол е поврзан со фактот дека Армијата користела техники за димни завеси.
„Тоа беше употреба на стандардни средства за камуфлажа, а мостот беше во чад поради тренинзите“, порача Михаил Развозаев.
Погледнете како изгледаше мостот „Керч“ денес ОВДЕ.