ВИДЕО | “МРАЗАМ РУСИ!“ – Млада девојка снимила вознемирувачки момент по ударот на руска ракета во нејзиниот дом: “Сите сме облеани во крв, децата спијат овде…“
Рано во петокот, ширум Украина беа објавени предупредувања за воздушен напад, а во неколку градови во далечните региони, меѓу кои и во Киев, беа регистрирани и повеќе ракетни напади, во кои досега загинаа најмалку пет лица, вклучително и 3-годишно дете.
Млада жена и 3-годишно дете го загубиле животот во рускиот напад на украинскиот град Днипро, потврдил градоначалникот на тој град, Борис Филатов, во објава на социјалната мрежа Телеграм, без да даде повеќе детали за нападот или за други штети и жртви.
На социјалните мрежи беа објавени фотографии од запалена станбена зграда во Уман, град во централна Украина, кој бил погоден од руски проектил. Една млада девојка од тој град го снимила моментот откако првата ракета ја погодила нејзината зграда. Со крвава глава и во солзи, младата дама го снимила својот уништен стан по нападот.
„Проектил ни го погоди домот. Сите сме крв, а децата спиеја овде. Ги мразам Русите“, рекла видно вознемирената девојка во видеото.
Одговорниот на воената управа во областа, Ихор Табуретс, извести дека животот го загубиле три лица, а осум се ранети.
Медиумската агенција Interfax, повикувајќи се на локални извори, објави дека по полноќ биле пријавени експлозии во Кременчук и Полтава во централна Украина, во Миколаев на југ, како и во Киев и во регионот околу главниот град.
За тие градови, засега нема детали за можните цели, штети и жртви. Градската воена управа на Киев соопшти дека во акција се против-воздушни единици.