ВИДЕО | НАДЗОРНИ КАМЕРИ ГО СНИМИЛЕ СТРАШНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО БИХ – Оштетени многу куќи, а погледнете ги хорор-снимките од моментот на потресот

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа ја погоди Босна и Херцеговина.

Епицентарот бил на 10 километри од Зеница, но тлото се тресело низ целиот регион.

Локалните медиуми јавуваат дека неколку лица се повредени, додека двајца се задржани на лекување во болницата во Зеница.

Најголеми штети земјотресот предизвика во селото Љубетово. Медиумите наведуваат дека Итната помош евакуирала неподвижна жена која била сместена во дом за стари лица. Оштетени се ѕидовите, фасадите, покривите на бројни куќи, а дел од селото остана без струја.

Според локалните медиуми, жителите на ова место поминале непроспиена ноќ. Многумина зората ја дочекале пред своите куќи завиткани во ќебиња.

На едно видео од надзорната камера се гледа како се тресе целиот двор.

Надзорна камера во селото Дубравица кај Витез го снимила моментот кога се тресе целата улица, вклучувајќи ги и автомобилите.