ВИДЕО | НАЈПОЗНАТАТА СТАРЛЕТА ВО СВЕТОТ ОБЈАВИ ЖЕСТОКА СНИМКА – Ким Кардашијан со својот костим за “Ноќта на вештерките“ ги остави без збор обожавателите

Ѕвездата на ријалити-серијата „The Kardashians“, Ким Кардашијан, е позната и по своите провокативни објави кои често сака да ги споделува со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.

Бидејќи претходниот ден се одбележа американскиот празник „Ноќта на вештерките“, ѕвездата реши да ги „почести“ своите следбеници со жешка снимка од нејзиниот костим, а објавата на Ким Кардашијан можете да ја погледнете ОВДЕ.

Во видео-снимката таа изведува заводлив танц, перејќи алишта и држејќи џиновски жолт питон, сличен на оној на Бритни Спирс за време на нејзиниот иконски настап во 2007 година, што веднаш беше забележано од обожавателите, а еден коментираше: „Ова веќе го направи Бритни Спирс“.

Но, и овој костим наиде на бројни позитивни реакции како: „Аплауз за убавата Ким Кардашијан“, „Кралица на ‘Ноќта на вештерките’ 2023“ и „Ти си одлична!“.

Покрај овој костим, Ким Кардашијан ги израдува обожавателите и со групниот костим „Bratz“ заедно со нејзината сестра Клои и две пријателки.