ВИДЕО | Најпознатиот јутјубер на Балканот покажа луксузен стан од два милиони евра, со спа центар и теретана, а еден детал ги изненади сите
Напознатиот српски јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, живе во елитна населба во Белград, а сега на социјалните мрежи се пофалил со новиот имот во кој се вселил и откри дека вреди два милиони евра и има 300 метри квадратни.
Тој ќе живее во станот со својата девојка, инфлуенсерката Ања Бла, а парот ќе ужива во многуте погодности што ги има станот. Имено, во тие 300 квадрати имаат огромна дневна соба, спа центар, теретана, џакузи и апартман за гости. Има и посебна просторија во која Ања Бла ќе се снима, ќе се шминка и монтира, а собата има и голем гардеробер. Централниот детал на станот се бројните огледала кои се наоѓаат насекаде.
Богдан Илиќ не купува луксузни работи само за себе, туку и за своите најблиски. На својот најдобар пријател Игор му подарил автомобил од 50.000 евра како свадбен подарок. Тогаш тој истакна дека автомобилот е симбол на благодарност до неговиот пријател бидејќи тој секогаш бил тука за него.