ВИДЕО | Најпосакуваниот дедо во светот на бизарен начин им го честиташе Божиќ на своите следбеници: “Човеку, не бламирај се веќе!“

Џанлука Ваки е роден на 5. август 1967 година во Болоња, каде што дипломирал на Универзитетот за економија и бизнис. Како претприемач, тој има работено во различни области – од туризам до мода, но на корисниците на социјалните мрежи ширум светот им е најпознат како тетовиран постар маж, или како што некои го нарекуваат најсекси дедо, кој танцува во долна облека.

Верниците кои го бројат времето според Грегоријанскиот календар на 25. декември го прославија Божиќ, раѓањето на Исус Христос. Голем број ѕвезди и познати личности беа многу активни на социјалните мрежи кои им го честитаа празникот на сите што го слават.

Во негов стил честитка испрати и Џанлука Ваки. Овој пат тој не беше во долна облека, но имаше црвени светкави панталони, црвена капа и долга бела брада како Дедо Мраз.

Според стариот добар обичај на Џанлука Ваки, тој играше во негов стил за своите 22 милиони следбеници и им го честиташе Божиќ, а видео-снимката можете да ја поглендете ОВДЕ.

Коментарите се движеа од велејќи дека се „срамат од дедото“ до реакции на воодушевување од изгледот и духот што ги поседува Џанлука Ваки.

Италијанскиот бизнисмен е во брак со венецуелската манекенка Шерон Фонсека, со која во 2020 година ја доби ќерката Блу Ерусалим.