ВИДЕО | Најубавата фудбалерка од Балканот е воодушевена што конечно ќе го запознае Кристијано Роналдо: “Тој е мојот идол и симпатија!“
Најпознатата фудбалерка од овие простори, Ана Марија Марковиќ, од Хрватска, одамна е позната како една од најубавите спортистки во светот. На социјалната мрежа Инстаграм ја следат над три милиони луѓе, кои ги воодушевува со нејзиниот изглед на теренот и надвор од него.
Таа беше надвор од терените добар дел од годината поради тешката повреда која ја одведе на операција. Сепак, крајот на годината ќе биде малку поубав за 23-годишниот калчоиграчка од Хрватска. Ана Марија Марковиќ на социјалните мрежи се пофали дека конечно ќе го запознае својот голем идол, Кристијано Роналдо.
Средбата помеѓу Кристијано Роналдо и убавата фудбалерка ќе се одржи во рамките на соработката со Binance, една од водечките компании за криптовалути во светот.
„Мојот омилен играч е Кристијано Роналдо бидејќи е многу дисциплиниран. Носам број седум токму поради него, а благодарение на него играм фудбал. Тој е мојата мотивација и симпатија. Не ми е гајле дали некој има повеќе трофеи од него. Во моето срце има само еден е најдобар, а тоа секогаш ќе биде Кристијано Роналдо“, истакнала Ана Марија Марковиќ во видео на социјалните мрежи кое можете да го погледнете ОВДЕ.