Гори напуштена куќа во центарот на Куманово

 Гори напуштена куќа на улицата ,,Моша  Пијаде” во Куманово, во централно градско подрачје. Две противпожарни возила и осуммина пожарникари се на терен.

– Пожарот е под контрола. Се работи на негово целосно локализирање и гасење, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.