ВИДЕО | Најубавата фудбалерка од Балканот е воодушевена што конечно ќе го запознае Кристијано Роналдо: “Тој е мојот идол и симпатија!“

Најпознатата фудбалерка од овие простори, Ана Марија Марковиќ, од Хрватска, одамна е позната како една од најубавите спортистки во светот. На социјалната мрежа Инстаграм ја следат над три милиони луѓе, кои ги воодушевува со нејзиниот изглед на теренот и надвор од него.

Ана Марија Марковиќ

Таа беше надвор од терените добар дел од годината поради тешката повреда која ја одведе на операција. Сепак, крајот на годината ќе биде малку поубав за 23-годишниот калчоиграчка од ХрватскаАна Марија Марковиќ на социјалните мрежи се пофали дека конечно ќе го запознае својот голем идол, Кристијано Роналдо.

Средбата помеѓу Кристијано Роналдо и убавата фудбалерка ќе се одржи во рамките на соработката со Binance, една од водечките компании за криптовалути во светот.

Мојот омилен играч е Кристијано Роналдо бидејќи е многу дисциплиниран. Носам број седум токму поради него, а благодарение на него играм фудбал. Тој е мојата мотивација и симпатија. Не ми е гајле дали некој има повеќе трофеи од него. Во моето срце има само еден е најдобар, а тоа секогаш ќе биде Кристијано Роналдо“, истакнала Ана Марија Марковиќ во видео на социјалните мрежи кое можете да го погледнете ОВДЕ.