ТАТКОТО ГО ОРГАНИЗИРАЛ КИДНАПИРАЊЕТО НА ВАЊА ЃОРЧЕВСКА – Оливер Спасовски: “Монструми сакале да изнудат пари од мајката“

Македонија е обвиена во црно. Трагично заврши потрагата по Вања Ѓорчевкса од Скопје. Денес на прес-конференција, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ја информираше јавноста за сите детали од грозоморното убиство на 14-годишната девојка, но и за убиството на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Во целост ви пренесуваме што изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски:

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, МВР по координации и под водство на ОЈО го расчисти случајот откако вчера се добија информациите и се обезбедуваа доказите и беа пронајдени телата на двете изчезнати лица. За жал разрешницата не не довете до исходот кој сите го очекувавме.

Двете лица, 14-годишната девојка и 74-годишниот маж вчера беа пронајдени убиени и закопани во околината на Скопје и околината на Велес. Дозволете ми да изразам најдлабоко сочуство за семејствата на жртвите, ова го велам во свое име и во име на секој еден што учествуваше во расчистувањето на ова злосторстово.

По преземањето на сите мерки, докзите не доведоа до сторителите на ова кривично дело без преседан. Тие се приведени и се собрани матријални докази. Осомничени се пет лица од кои за три е одреден притвор, едно е надвор од државата, а таткото на девојчето е приведен и со него и извршен распид и понатаму ќе се утврдуваат деталите.

Како што веќе сте известени од соопштението мотивиот е користољубие од што едно од лицата во договор и сознание со член на семејството го извршвувал делото со цел да се изнудат пари од мајката на малолетничката. Што се однесува до другата жртва од Велес која нема никаква врска со малолетничката од Скопје, но поради не расчистени околности со еден од осомничените, неговото возило било одземено за потоа да биде најдено опожарено. Малолетничката е земена во влезот во зградата на нејзиниот дом со тоа возило, откако претходно таткото споделил информација со организаторот за денот на нејзиниото излегување сама од дома. Главниот организатор и извршител пукал со пиштол на 27.11. (понеделник). Според досегашните утврдени информации некаде околу 10 часот ја усмртил малолетничката и се исплашил од доказите од полицијата на веќе започнатата истрага.

Можам да ветам дека ќе сторам се овој монструм на која му ја следиме трагата, час поскоро штом стапне на ова тло ќе биде изведен пред органите.

Сакам да искажам уште еден став зошто синоќа немаше прес-конференција, тоа е зошто претходно беше дадено детално образложено, меѓутоа изјавите и пишувањата ги третираме само како една неодговорност во овој момент затоа што ниту МВР или ОЈО немаат ниту работно време ниту слободни денови, напротив во секој еден момет може да се излезе и да се соопшти. Меѓутоа тој момент мора да биде вистински кога ќе се завршат сите аспекти. Работењето на полицијата не може да стане инстант пи-ар. Важно е да се мисли на членовите на семејствата и сите луѓе кои работат и до рано сабајле се утврдуваа сите докази. Затоа оставивме да се завршат активностит во кој СВР Скопје беше навлрзен до крај, и утше неколку претреси.

Формиравме посебен оперативен штаб со кои раководеше началникот на секоторот на СВР Скопје, СВР Велес и СВР Штип при што се пронајдени и одземени се мобилни, компјутери и возила. Извршени се бројни разговори со семејствата сознаниците пријателите.

Сакам да кажам дека станува изолиран случај во кој бандити односно монструми сакале да изнудат финансиска корист и кои го познавале семејството“.