ВИДЕО | На Интернет кружи загрижувачко видео од Доналд Трамп: Поранешниот претседател на САД едвај стои на нозе, не може да оди, а противниците се радуваат и истакнуваат дека не е подготвен за кандидатура

Доналд Трамп е снимен во вознемирувачко издание, едвај оди и се занесува како „старецот Џо Бајден“, како што тој го нарекува неговиот најголем ривал. Тоа израдува одредени струи во Републиканската Партија кои се против неговата кандидатура на изборите во ноември и кои нагласуваат дека е крајно време за помлади луѓе во американската политика.

Дел од американските републиканци се собраа во групата – „Републиканците против Доналд Трамп“, кои се доста активни на социјалните мрежи.

Се нарекуваат себеси „продемократски конзервативни републиканци кои се борат против Доналд Трамп и Трампизмот“, а на истоимениот профил што го креиераа на социјалната мрежа Х (Твитер), „Републиканците против Доналд Трамп“ споделуваат содржини во кои се обидуваат да објаснат на јавноста зошто не би било добро поранешниот претседател на САДДоналд Трамп, уште еднаш да ја заземе таа позиција и да се кандидира на избори пред Републиканската Партија.

Помеѓу последните објави, во речиси идентична верзија е прикажано видео на кое се гледа Доналд Трамп, кој беше еден од најгласните критичари на Џо Бајден кога тврдеше дека е премногу стар за претседателската функција.

Тоа што го оставија овој стар и слаб човек да се кандидира за претседател е чиста злоупотреба на старци“, велат во описот на видеото објавено на социјалната мрежа Х (Твитер).