ВИДЕО | НА КИНА И ОСТАНУВААТ НАЈМНОГУ УШТЕ 10 ГОДИНИ !? Бомбастична анализа на познат геополитички аналитичар: “Земјата дефинитивно ја очекува колапс, ова што се случува е…“
Американскиот геополитички аналитичар, Питер Зеихан, даде интересно и прилично изненадувачко предвидување како гостин во емисијата на познатиот Џо Роган.
Питер Зеихан, кој пишуваше колумни и за The Washington Post и за Wall Street Journal, верува дека Кина – апсолутно сигурно ќе пропадне, а потенцијалната катастрофа би можела да се случи за десет години. Во срцето на неговото предвидување е тврдењето дека Кина погрешно го известува односно информира своето население, а Питер Зеихан вели дека реалната популација на земјата е за 100 милиони помалку од она што Владата официјално го тврди.
„Ова е нивната последна деценија“, вели Питер Зеихан за Кина. Џо Роган на ова негово тврдење постави потпрашање: „Значи, мислите дека Кина има уште 10 години ?“, на што Питер Зеихан одговара: „Најмногу“.
Многу аналитичари тврдат дека огромната кинеска Армија, контролата на населението и економската моќ ќе ја спречат Кина да се распадне, но други велат дека веќе има некои прилично загрижувачки знаци за колапс на системот.
Кинеската економија покажува дека е под различни видови на притисоци. Поради строгата политика за време на пандемијата со вирусот Ковид-19, избувнаа повеќе граѓански немири, а пандемијата генерално доведе до намалување на индустриското производство и општ пад на потрошувачката.
Минатата година економијата на Кина падна на едно од најниските нивоа во последните 30 години. Посебно четвртиот квартал беше под силно влијание на строгите економски политики и одлуки кои многумина ги сметаа за непромислени.
Како што населението на Кина брзо старее, има се помалку и помалку работоспособни луѓе за поддршка на пензионерите. Политиката на едно дете, која траеше повеќе од три децении пред да заврши во 2016 година, ја влоши ситуацијата и долгорочните економски изгледи се прилично мрачни. Иако Кина се обиде да го реши ова со дозволување на паровите да имаат до три деца, целокупното влијание врз работната сила останува неизвесно.
И кинескиот пазар на недвижности е во долгорочен пад. Во 2022 година, земјата забележа голем пад на цените на имотот – најголем од 2015 година. Падот се почувствува во различни сектори на економијата, вклучително градежништвото и производството на челик и цемент, што доведе до пад на побарувачката и губење на работни места и севкупно забавување на економскиот раст.
Споменатиот пад на цените на недвижностите особено ја загрижи кинеската Влада. За да се спротивстави на падот и да го стабилизира пазарот, Владата спроведе низа мерки, меѓу кои и воведување даночни олеснувања и субвенции за купувачите на станови. И покрај ова, падот на цените на недвижностите продолжува.
Намалување од 9,9 отсто во однос на претходната година бележи и извозот. Трговијата игра значајна улога во кинеската економија, а извозот сочинуваше околу 20 отсто од бруто домашниот производ на Кина во 2021 година. Но, големата зависност од меѓународната трговија ја прави Кина ранлива на глобалните економски пазари и промени во трговската политика, како што се покажа за време на пандемијата, кога побарувачката за кинески производи опадна.
За да го поттикне растот, Кина сега се обидува да се сврти кон домашната потрошувачка, предводена од производителите на електрични автомобили. Сепак, ќе бидат потребни значителни промени во економската структура и политиките на Кина за да се смени трендот.
Додека Меѓународниот монетарен фонд предвидува дека кинеската економија ќе порасне за 5,2 отсто, економските пречки и демографските предизвици со кои се соочува Кина може да имаат значителни импликации на глобално ниво.