Видео на кое се гледа маж (35) како се жени со девојче (9): Морбидна снимка го обиколи светот, а потоа се огласи младоженецот (ВИДЕО)
Светот неодамна беше згрозен од видеото од венчавката што се одржа на 17 јануари во Ирак. Вознемирувачката сцена покажа деветгодишно девојче облечено во венчаница, заедно со 35-годишен маж, кој, според сите проценки, требало да и’ стане сопруг.
Настанот предизвика бран шок и бес низ целиот свет, а видеото стана вирално поради неговата морбидност. Многумина го осудија овој чин како нешто што во никој случај не треба да се толерира, посочувајќи дека се работи за девојче кое треба да ужива во безгрижно детство и да не биде изложена на ваков вид на злоупотреба и експлоатација.
Ирак неодамна се најде во центарот на вниманието поради контроверзниот закон кој предизвика бес низ целиот свет, а спорното видео наводно е создадено во таа земја. Имено, Собранието донесе одлука за намалување на старосната граница за согласност за брак од 18 на само девет години, што предизвика бурни реакции во јавноста.
Реакции низ светот
Оваа одлука предизвика реакции ширум светот, а многумина истакнаа дека деветгодишното девојче нема капацитет да ја разбере ситуацијата во која се наоѓа, ниту да се бори за своите права.
Но, се појавија и поборници за поинаков начин на размислување – тие тврдеа дека тоа е вистинскиот начин да се заштити моралот на женските деца.
Со оглед на тоа колку внимание привлече овој случај, новинарите решија малку повеќе да го истражат и открија дека случајот се случил во Либија, а не во Ирак, а набргу лицето што го објавило видеото решило да го отстрани по бројните негативни коментари.
Што навистина се случи?
Мажот од видеото подоцна за медиумите изјавил дека тоа е негова братучедка и дека не е оженет. Сепак, тој не можеше да објасни зошто детето носи венчаница, што покрена сомнеж дека се обидува да се оправда со лаги. Вистината за овој случај сè уште не е целосно разјаснета.