ВИДЕО | На позната водителка и “испаднаа“ градите за време на емисија во живо: Убавата Аргентинка позната по врските со успешните фудбалери доживеа невиден срам

Белен Родригез, атрактивна аргентинска водителка која стекна огромна популарност благодарение на љубовните врски со познати и богати спортисти, доживеа необична несреќа додека снимала ТВ емисија.

Имено, на социјалните мрежи се појави интересно видео на Белен Родригез од снимање на популарна емисија.

Провокативната 39-годишна водителка носела кожен комбинезон кој се лепел за нејзиното совршено извајано тело. Таа во еден момент наеднаш ги раширила рацете и комбинезон се откопчал на незгодно место, па градите за момент и испаднале за време на програмата, а тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.

Нејзиниот колега водител останал во целосен шок, а Белен Родригез врескала од смеа.

Многумина веруваат дека атрактивната Аргентинка претходно ја испланирала оваа несекојдневна „несреќа“ за да излезе во јавноста.

Белен Родригез стекна огромна популарност благодарение на љубовните врски со познатите спортски асови. Таа беше во врска со познатиот фудбалски шармер Барко Бориело, успешниот мотоциклист Андре Ианоне и поранешниот фудбалер на Париз Сен Жермен, Езекиел Лавеци.