ВИДЕО | НА 72-ГОДИШНА ВОЗРАСТ ЗДРАВКО ЧОЛИЌ СТАНА ТИКТОКЕР! Легендарниот пејач уште еднаш покажа дека секогаш ги следи светските трендови – погледнете ги неговите интересни видео-снимки!
Една од најголемите музички ѕвезди на овие простори, легендарниот Здравко Чолиќ, на 72-годишна возраст отвори свој профил на социјалната мрежа Тик Ток.
На овој начин, легендарниот пејач покажа дека ги следи светските трендови, а профилот на Тик Ток го отвори во месец март кога започнува да објавува интересни видеа од неговите настапи.
Бидејќи Здравко Чолиќ е нов на социјалната мрежа Тик Ток, тој моментално има скромни 6900 следбеници, но не се сомневаме дека за кратко време тој број енормно ќе порасне, со оглед на големиот број обожаватели што тој ги има ширум светот.
Пејачот засега има 11 видеа на својот нов профил, на кои објави делови од атмосферата од неодамнешниот спектакуларен концерт што го одржа во Задар, но и од неговите летни настапи во Црна Гора.
Дека овој профил навистина му припаѓа на Здравко Чолиќ може да се заклучи со тоа што неговиот профил е верификуван, како и со тоа што официјалниот е-мејл на пејачот е во описот на профилот.
Во профолжение погледнете некои од неговите видеа и уживајте во неговата безвременска музика.