ИЗЛЕТА ОД ПАТОТ СО ПОЛНА БРЗИНА: Не очекуваше дека ќе налета на една работа (ФОТО/ВИДЕО)

Автомобилот за момент излетал и удрил во вториот кат од куќа во американската сојузна држава Пенсилванија.

Во полицискиот извештај се наведува дека овој бизарен инцидент се случил кога 20-годишен маж излетал од патот додека возел покрај куќа

– Пред куќата имаше насип – изјави Пол Јокум, поручник на противпожарната бригада која прв пристигна на местото на настанот.

– Возеше доста брзо и тоа го катапултираше на вториот кат.

Возилото потоа го проби ѕидот од куќата, па делови од ѕидот и изолацијата летаат на сите страни.

Пожарникарите пристигнале во домот за неколку минути по несреќата.

– Сопственикот на куќата цело време беше внатре – рекол Јокум

– Се работи за постара госпоѓа во инвалидска количка.

Според медиумите, возачот е пренесен во локална болница и се уште не се знае неговата состојба. 

По три часа надлежните некако успеале да го тргнат автомобилот од вториот кат. 

Пожарникарите потоа му помогнале на сопственикот на куќата покривајќи ја дупката со церада за да го заштитат домот од невремето што доаѓа. 

Пожарникарите сметаат дека возачот во моментот на инцидентот бил под дејство на марихуана

Во своето соопштение полицијата наведува дека се верува дека несреќата била намерна

Градот Декатур, каде што се случи овој инцидент, се наоѓа на околу 130 милји североисточно од Питсбург.