ВИДЕО | Небото над Турција за момент позелени поради метеор, погледнете ја снимката

На СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ се појави снимка од минување на метеор над Турција.

Една од снимките е направена во тек на возење на автомобил и покажува поминување на светлосна топка која за момент го направи небото зелено. Друга снимка покажува момче на детско игралиште додека зад него небото станува зелено додека минува метеор. Настанот се случил синоќа, а снимките се направени над градот Ерзурум и провинцијата Гумушане на истокот на Турција. 

Странските медиуми јавуваат дека необичната светлина на небото се верува дека е предизвикана од метеороид кој навлегол во горната атмосфера на Земјата и се загревал со триење.