ВИДЕО | Неверојатна ТВ програма на руската државна телевизија, која ги повикува луѓето да летуваат во воена зона: “Крим ве очекува! Лето, море, плажа и сонце…“
Руската државна телевизија ги повикува луѓето да одат на одмор на Крим – и покрај нападот на мостот и фактот што окупираниот украински полуостров речиси стана воена зона.
Убиствениот напад на мостот што го поврзува Крим со копното на Русија предизвика огромни гужви, бидејќи многу туристи се обидоа што поскоро да избегаат од полуостровот, кој е познат како популарна дестинација за одмор меѓу Русите.
Но, и покрај фактот што полуостровот Крим сега практично полека но сигурно станува воена зона, руската државна телевизија продолжува да ги охрабрува луѓето да патуваат таму за време на летните одмори.
Новинарот на BBC, Френсис Скар, сподели видео од руската телевизија во кое водителката вели за време на тотално бизарен пренос во живо вели: „Крим го чека секој гостин со раширени раце!“.
„Во принцип, туристичкиот сектор не претрпе никаков удар, луѓето сè уште доаѓаат. За некои тоа е и нова авантура бидејќи сега ќе се возат со траект преку морето наместо да одат преку мостот. Можам да фотографирам и да се восхитувам на глетката. Во морето има и многу делфини. Така, всушност, сите се среќни и се е во ред“, вели руската новинарка на прашањето од водителот во студиото каква е ситуацијата на Крим.
„Расположението во градот е мирно. Хотелите имаат подготвено сместување, во моментов има повеќе од 200 слободни соби во три хотели. Собите се многу удобни и убави. Подготвени се и да послужат убава храна. Вчера им пружиле и докторска помош на сите на кои им била потребна. По потреба се подготвуваат и дополнителни 1.500 соби. Но, денес немаше потреба од тоа бидејќи многу луѓе го напуштија Крим. Но, сè на сè, сè е убаво и добро, лето, сонце и море. Крим ве повикува да дојдете!“, вели воодушевената руска новинарка на крајот од репортажата во живо.