ВИДЕО | НЕВЕРОЈАТНО – Ова може да се види само во Премиер лигата – Њукасл го ‘растури’ Тотенхем! Тимот од главниот град славеше со голема победа над ривалот, погледнете ги головите

Тотално нереални сцени на натпревар од Премиер лигата и пет гола во мрежата на Тотенхем по само 21. минута игра!

Тимот на Тотенхем на гости пристигнаа во Њукасл каде на стадионот „Сент Џејмс Парк“ си ги одмерија силите во што убедливо подобар беше домаќинот.

Тимот од Лондон во 32. коло влезе од петтото место, а Њукасл од третата позиција на табелата, но наместо дерби, навивачите следеа невиден настап на клубот од главниот град.

На семафорот по само 21. минута игра пишуваше резлутат од 5:0, а тренерот на Тотенхем, Кристијан Стелини се обиде со побрза со измените да ја промени ситуацијата на теренот, но ниту тоа не му помогна во големиот триумф на домаќините.

Њукасл во рамки на 32. коло од Премиер лигата го совлада Тотенхем со неверојатни 6:1.