ВИДЕО | НЕВЕРОЈАТНО – Што е ова !? Бебе старо само три дена ги изненадило сите – погледнете што прави! Докторите во неверување од сцената

Бебето старо три дена почнало да лази и да ја крева главата! Докторите објасниле што значи тоа и како е воопшто можно.

Една новопечена мајка останала запрепастена кога нејзината тридневна ќерка почнала да се однесува како да има три месеци.

Видеото од тридневно бебе кое почнало да се однесува како да има три месеци стана вирално и ги шокираше не само мајката и бабата на бебето, но и целиот свет.

Неверојатниот момент го коментираше и доктор кој објаснил што точно се случило.

Новопечената мајка Саманта Мичел останала без зборови кога нејзиното новородено бебе Нила Дејсе Цабари почнало да ја крева главата и да се обидува да ползи само три дена по раѓањето.

Саманта Мичел заедно со нејзината мајка успеале да го овековечат овој неверојатен момент на камера додека бебето лежело на стомак во болничкиот кревет.

На видеото се гледа како бебето се витка наоколу, испушта слатки звуци и накратко ја крева главата додека љубопитно ја истражува околината.

Во видеото објавено на социјалната мрежа Тик Ток, Саманта Мичел ја прашува мајка си: „Дали е ова нормално ? На што мајка и одговара: ‘Не, има само три дена’. Мамо, таа лази! Ова е неверојатно!“, извикува Саманта Мичел.

Докторите тврдат дека оваа ситуација е всушност доста честа појава.

Во суштина, ова бебе е гладно и бара гради“, објаснил докторот Каран Раџ.