ВИДЕО | НЕВЕРОЈАТНО – Ја фатил сопругата во ‘жешка акција’ преку бејби монитор, а кога сфатил со кого е во кревет останал во целосен шок: “Ова е многу болно!“
Деклан Фулер, 22-годишен човек од Велс, тврди дека ја фатил сопругата во интимна врска со татко му на „бејби монитор“, по што решил да се разведе.
Деклан Фулер бил во брак со Стефани (22 г.), со која ја имаат заедно 2-годишната ќерка Вилоу. Минатиот септември парот му дозволи на таткото на Деклан, Дарен (44 г.) да се пресели во нивниот дом во Велика Британија, каде што се случила наводната афера.
Овој Велшанец тврди дека бил на работа денот кога сопругата го изневерила, кога тој случајно решил да го провери „бејби мониторот“ на својата ќерка на мобилниот телефон. На видеото се гледа како неговата веќе поранешна сопруга оди во спалната соба со својот свекор за да се препушти на „жешка“ акција.
„Болно е, не е нормално – како можеше татко ми да ми го направи ова ?“, прашал вознемирениот Деклан. Тој вели дека тоа целосно го откачило и дека едвај го задржал бесот.
„Да не се вразумев, не знам што ќе му направев на татко ми“, кажал тој.
Кога се соочиле со инкриминирачките докази, Стефани и Дарен негирале дека направиле нешто погрешно и наместо тоа, тие кажувале дека едноставно биле во спалната соба за заедно да ги гледаат „Симпсонови“.
Момчето не поверувало во ова објаснување и веднаш ја оставил сопругата, а таа веднаш започнала романса со бившиот свекор.
„Не го изневерив Деклан. Дарен и јас немавме ништо пред Деклан да ме отфрли“, кажала Стефани.
Во неверојатниот пресврт, Стефани сега е бремена со близнаци, чиј татко е нејзиниот поранешен свекор.
„Жал ми е за тие деца. Тие доаѓаат во многу скршено семејство“, рекол Деклан, додавајќи дека неговата ќерка ќе биде и полусестра и братучетка на близнаците што наскоро ќе се родат.
И покрај неговото скршено срце, Деклан вели дека успева да ги игнорира семејните расправии.
„Се чувствувам изневерено, но подобро ми е без нив двајца“, тврди овој млад човек за New York Post.