ВИДЕО | “НЕ!“ – Дали Христијан Мицкоски ќе ја порази меѓународната заедница во стилот на Јосип Броз Тито и Македонија ќе се соочи со ново Арачиново !?

Собраниската комисија за уставни прашања денес го отвори патот за менување на Уставот на Република Македонија со внесување на Бугарите во Преамбулата. Сега, на потег е Владата која до Собранието треба да испрати амандмани за Уставот.

Уставните измени официјално влегуваат во македонскиот Парламет, а со тоа државата ја очекуваат многу бурни времиња во следниот период. Следните 30 до 60 дена ќе бидат „пеколни“ во Македонија, а по овој период нашата држава повеќе нема да биде иста.

Устав на Република Македонија

ДВЕ ОПЦИИ ЗА (НЕ)УСПЕХ НА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

Едната опција е уставните измени да не успеат и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да може да ја „порази“ меѓународната заедница во државата, а втората опција е уставните измени на сила да успеат во Република Македонија и да ни се случи некое второ Арачиново или ново купување на пратеници за гласање за промена на Уставот.

@vocentar

ВО ЦЕНТАР – Последна политичка анализа за сезона 2022/23. – целата емисија погледнете ја на YouTube каналот Vasko Eftov #fyp #fy #foryoupage #VoCentar #VaskoEftov #MK #MKD #Macedonia #tiktokmacedonia #EU #Europe #Skopje #HristijanMickoski #VMRO #vmrodpmne #summer

♬ original sound – Vo Centar – Vasko Eftov

Последната почитичка анализа на новинарот и сопственик на веб-порталот vocentar.com, Васко Ефтов во емисијата Во Центар детално ја опишува ситуацијата за тоа како ќе се одвива процесот на уставните измени во државата.

Во последната емисија за сезоната 2022/23, Васко Ефтов го поставува прашањето дали Христијан Мицкоски ќе успее да го „повтори“ фамозното „не“ на меѓународната заедница во стилот на Јосип Броз Тито кој силно му кажа не Јосиф Сталин, а со тоа Македонија да остане еден вид на изолирана држава од европскиот процес и членството во Европската унија !?

Целата политичка анализа можете да ја погледнете на YouTube каналот Vasko Eftov.