ВИДЕО | “НЕ МИСЛАМ ДЕКА ЗАСЛУЖИВ ДА ЗАВРШАМ ВАКА!“ – Веста која се шири како шумски пожар: Рафаел Надал се враќа на терените

Рафаел Надал (37 г.) се враќа на тениските терени!

Веста одекна низ Интернет откако поранешниот светски рекет број еден во петокот објави дека ќе се врати на натпреварувањето на Бризбејн Интернационал, кој се одржува во јануари и служи како загревање за Австралија Опен. Освојувачот на 22 Грен Слем титули нема одиграно натпреварувачки натпревар откако се повлече во второто коло на овогодинешниот Австралија Опен поради проблем со колкот.

Рафаел Надал првично се очекуваше да биде надвор од терените само осум недели, но во јуни имаше операција на мускулот на колкот.

Во објава на социјалните мрежи, Рафаел Надал порача:

По една година далеку од турнејата, мислам дека е вистинско време да се вратам. Се чувствувам подготвен да објавам дека ќе се вратам во Бризбејн во првата недела од сезоната“.

Рафаел Надал претходно ја изрази својата желба да игра уште еден Ролан Гарос и да ја претставува Шпанија на Олимписките игри во Париз следната година, пред да се пензионира на крајот од неговата 23-та сезона.

Видео објавата за кам-бекот на „бикот од Мајорка“ можете да ја погледнете ОВДЕ.