ВИДЕО | ‘НЕ, ОВА НЕ Е СКРИЕНА КАМЕРА!’ – Поради изборите во Турција се растураат браковите: Жена на улица ги загуби нервите кога нејзиниот сопруг призна за кого ќе гласа…

Турција две децении не видела избори како овие од претходниот ден. Реџеп Таип Ердоган за прв пат ќе мора да оди во вториот круг од претседателските избори. За две недели противкандидат ќе му биде лидерот на здружената опозиција Кемал Киличдароглу, а главното прашање е дали „султанот“ ќе има сила повторно да победи.

Во меѓувреме, поради изборите, на социјалната мрежа Твитер, се појави урнабесно видео на кое се гледа како браковите се распаѓаат поради напнатата тензија меѓу граѓаните. Низ социјалните мрежи забрзано се шири видео од еден новинар кој во еден момент очигледно прашува брачен пар за кого ќе гласаат на претстојните избори.

Сопругот на прашањето одговара: „За Ердоган, секако!“, а потоа изнервирана сопруга го следи, удирајќи го по грбот и кажува: „За Киличдароглу, секако!

Во меѓувреме, повеќе од 1,5 милиони луѓе го погледнаа видеото на социјалните мрежи. „Развод! Поради ова ќе настане хаос во куќата…“, гласел еден од коментарите оставен под видеото. „Овој нема да вечера!“, заклучил друг.