ВИДЕО | “НЕ СЕ ПЛАШАМ!“ – Погледнете што правел Александар Вучиќ синоќа додека Белград се гушеше во крвавите протести: “Да, тоа бев јас!“

На вчерашниот протест во доцните часови во Белград е снимен маж како се движи на терасата која се наоѓа на зградата каде се наоѓа канцеларијата на претседателот на Србија, а насобраните граѓани на протестот мислеа дека тоа е претседателот Александар Вучиќ, а денес лично тој потврди дека навистина тој се наоѓал таму.

Јас сум тој што бев на тераса, на моето работно место и воопшто не се плашев од вас и нема да дозволам да ја уништите Србија“, порача Александар Вучиќ во видео-објава на социјалната мрежа Инстаграм која можете да ја погледнете ОВДЕ.

Сите видоа дека речиси три часа полицајците и имотот на граѓаните на Србија беа брутално нападнати од оние кои решија да ја урнат српската демократија“, нагласи Александар Вучиќ во обраќањето.

Според веб-порталот Nova.rs, тој рекол дека во морето од лаги едно е вистина – дека на терасата виделе човек кој личи на Александар Вучиќ и го исвиркале.

Така, бев јас, на терасата на Претседателството на моето работно место, воопшто не се плашев од нив, не се криев во ниту еден бункер, ниту во туѓа земја и никогаш нема да се сокријам од насилниците и разбојници. Ќе ја браниме и зачуваме демократијата, мирот и стабилноста во нашата Србија. Да живее Србија“, порача Александар Вучиќ.